КЛ7 со фуриозен финиш го освои Прилеп

Ракометарите на Голден Арт КЛ7 во супердраматичен натпревар триумфираа на гостувањето против Прилеп со 31-33. Стануваше збор за пресметка меѓу два тима кои се меѓу најсериозните кандидати во битката за опстанок, а младите ракометари од Скопје покажаа карактер и со одлично издание во завршницата стигнаа до огромни бодови

Натпреварот беше изедначен во поголемиот дел од првото полувреме, а прв иницијативата ја превземаа домаќините кои се „одлепија“ на 10-7, но добриот финиш на првото полувреме на госинскиот состав ја врати неизвеноста (16-16). Двата тима го менуваа водстовто во вториот дел од натпреварот, Прилип имаше и предност од 27-23, но домаќините повторно потфрлија во одбраната во клучните моменти. Скопскиот состав натпреварот го заврши со серија од 10-4 и направи комплетен пресврт, вреден важна победа.

Чунтарија беше првото име кај Прилеп со девет погодоци, а него го следеа Тренчевски со шест и Рустамов со пет погодоци. Игор Ѓоргиев „стрелаше“ десет пати, додека Симоноски натпреварот го заврши со седум гола. Еден помалку додаде Ѓорговски.

 

Се вчитува...