Ѓоковиќ го откри најтешкиот момент во кариерата: Плачев како мало дете…

Новак Ѓоковиќ го откри најтешкиот момент во кариерата. Се работи за поразот од Јирген Мелцер пред 11 години во четвртфиналето на Роланд Гарос, за кој смета дека целосно му ја промени кариерата.

Водеше Ѓоковиќ тогаш со 2-0 во сетови, со брејк во третиот сет, но на крајот загуби. Тоа го погоди како ниту еден момент претходно и подоцна во кариерата.

„Имав многу предизвици во кариерата. Еден од нив во 2010 година во четвртфиналето кое го загубив на еден од најголемите светски турнири, Роланд Гарос. Имав чувство како светот од соништата да се распадна пред мене и дека не сум добар да дојдам до тоа што го сакам. Тогаш буквално липав во собата на мојот тренер, Марјан Вајда. Се чувствував многу лошо тој период – како да удрив во ѕид и не можам понатаму. Тренерите ме пуштија да се исплачам, да ги исфрлам сите емоции од мене. Им благодарам за тоа, затоа што беше клучен момент. Сите велат дека тренерот е тој кој треба да го подигне тенисерот кога му е тешко и да го натера да биде силен. Но, за мене, сепак, најдобар тренер е кога е тука за вас како човек, пријател и рамо за плачење, оној кој ве разбира и поддржува и тогаш кога сакате само едноставно да се исплачете“ – вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...