Руската телевизиска водителка, актерка и манекенка Викторија Бонја во интервју за „Спорт експрес“ отркива дека имала сексуални односи со ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе додека Французинот уште бил малолетен. Но, не знаела за тоа.
Бонја која денес има 41 година, а Мбапе 22 години, призна дека романсата се случила пред пет години кога францускиот фудбалер имал само 17 години.
„Не знаев дека е малолетен. Јас бев слободна, а тој немаше врска. Кога открив дека се уште нема 18 години, многу се уплашив дека може да се дознае во јавноста и да одговарам за педофилија. Не ми е жал што врската брзо пропадна. Јас сум жена која сака стабилност и внимание. А од него не го добивав тоа“ – изјави Викторија.
View this post on Instagram
Бонја во последните неколку години, пак, беше во врска и со Бразилецот Нејмар, во период по завршувањето со Мбапе.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА