Наспроти триумфот од 1-3 во претходното коло против Лестер, фудбалерите на Арсенал не може да врзат две победи во Премиерлигата, ремизирајќи (1-1) на гостувањето против Барнли во 27. коло.
„Топчиите“ поведоа уште во 6. минута со голот на Обамејанг, но Вуд во 39. минута израмни за домашните.
Во вториот дел Арсенал никако не успеа да дојде до втор погодок за триумф.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

