Прва пролетна победа за Македонија ЃП – Коџа донесе триумф за „лавовите“ (ВИДЕО)

Македонија ЃП ја запиша првата пролетна победа, триумфирајќи со 1-0 на домашен терен против Силекс во 22. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Триумфот за „лавовите“ го донесе засилувањето Лудвиг Коџа кој го постигна дебитанскиот гол во дресот на Македонија ЃП во 20. минута.

Сето тоа беше доволно за три бода на тимот од Ѓорче Петров, повеќе од значајни за одржување на битката за европски излез.

Силекс во второто полувреме имаше неколку шанси за израмнување, но во финишот преку една од ретките шанси на дуелот не успеаја да израмнат.

Се вчитува...