ВТОРА ЛИГА – ИСТОК: Брегалница убедлива, Тиквеш со триумф, Кит Го го „здрма“ и Кожуф

Продолжува еднаквата трка на Брегалница и Тиквеш во битката за првото место во Втората лига – Исток, по победите на двете екипи и во 18. коло.

Брегалница, овој пат, беше повеќе од убедлива на гостувањето против Росоман победувајќи со 1-5. Триумфот беше обезбеден до 15. минута кога „сините“ се стекнаа со предност од 0-3 со головите на Ацковси во 9. минута и Наумов во 12. и во 14. минута. Капитенот Ристе Наумов во 72. минута запиша хет-трик за 1-4 во тие моменти, а конечните 1-5 ги постави Михаил Маневски со голот во 89. минута.

Тиквеш до триумфот од 1-2 на гостувањето против Каменица Саса дојде со голот на Бобан Здравевски во 63. минута од средбата.

Кит Го, пак, продолжува со одличните игри, запишувајќи убедлива победа од 3-0 во дербито против Кожуф. Тони Мичковски со головите во 4. и во 74. минута донесе предност од 2-0, а конечните 3-0 ги постави Кире Трпчевски во 84. минута.

ВТОРА ЛИГА – ИСТОК (18. КОЛО)
Росоман – Брегалница 1-5
Кит Го – Кожуф 3-0
Плачковица – Осогово 0-1
Каменица Саса – Тиквеш 1-2
Победа – Слога Виница 1-1

Се вчитува...