Со убедливата победа над Сутјеска во претходниот натпревар на „балонот“ во Сараево, Работнички остана во игра за место кое води во разигрувањето на АБА2 лигата, но пред македонскиот најтрофеен клуб е нов важен натпревар против Широки од 12 часот, кој е директен противник за остварување на целта.
Избраниците на Мираковски го покажаа својот квалитет на мечот против Црногорците, а до израз дојдоа и новите засилувања кои го покажаа искуството од константното играње во регионалното првенство. Но „црвено-белите“ и покрај фаворитската улога мораат да бидат на врвот на својата задача доколку сакаат да триумфираат и против составот од Босна и Херцеговина.
Работнички моментално се наоѓа на 12. место на табелата со скор од три победи и шест порази, два триумфа зад осмото место на табелата, па победата е повеќе од потреба за покомотна ситуација пред последниот „балон“ на лигата, кој ќе биде одигран во Златибор на крајот на месецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА