Ерлинг Халанд уште еднаш ја потврдува светската клас, постигнувајќи важни погодоци на најзначајните натпревари на Борусија Дортмунд.
„Милионерите“ вечерва му гостуваат на Баерн Минхен, а по само девет минути игра поведоа со 0-2 благодарение на двата погодоци на Халанд. Норвежанецот блесна по само шеесетина секунди игра отворајќи го резултатот со удар од дваесетина метри.
Баерн беше во шок, а Борусија го искористи тоа и поведе и со 0-2, овојпат по еден беспрекорно реaлизиран контранапад што во гол го претвори норвешкиот ас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

