Кошаркарите на Еуро Никел во драматична завршница со фуриозен финиш дојдоа до победа од 78-79 на гостувањето против Куманово во 16. коло од Првата македонска кошаркарска лига.
Домашните три периоди ја контролираа играта и резултатот, но комплетно потфрлија во последната четвртина која гостите со одлична игра ја добија со девет поени (11-20) за конечна победа.
На 50 секунди пред крајот на мечот, Куманово со поените на Андрејевиќ дојдоа до предност од 76-75, но на 38 секунди пред крајот Соколов со тројка донесе водство од 76-78. До крајот драмата заврши со 78-79.
За Еуро Никел ова е осмата победа во 13-от натпревар сезонава, додека Куманово го запиша и петтиот пораз во седум натпревари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА