Ова беше последен дуел за центарци на турнирот во Сараево и се поизвесно крај на надежите за пласман во плејофот во АБА2. Мираковски не може да верува дека тимот дозволил да прими 71 поен за едно полувреме.
„Шокантно е што примивме 71 поен за едно полувреме. Не знам дали вакво нешто воопшто се случило досега во историјата на лигата. Знам дека е тешко, дека се игра интензивно па има падови, но толку поени едноставно не смеат да се примат за едно полувреме. Потфрливме во сите елементи. Кога нема енергија, кога нема трчање можат да се примат 100 поени. Ова беше буквално стоење. Ова е срамота. Треба да анализираме и да седнеме да разговараме со некои играчи, ваков пристап е недозволив“ – изјави Мираковски по денешниот пораз.
Работнички до крајот во лигата го очекуваат уште три меча на последниот турнир на Златибор од 22. до 27. март.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА