Лапорта приреди скандал со малолетничка: Јави ми се кога ќе наполниш 18 години (ВИДЕО)

Главниот кандидат за нов претседател на Барселона, Жоан Лапорта се најде на удар на дел од навивачите поради скандал со малолетничка.

Пред денешните избори, Лапорта се фотографираше со фанови, притоа и со еден непримерен коментар кон девојка која го замоли да се фотографираат. Лапорта се согласи на тоа и при заминување и дофрли:

„Ти благодарам душо. Кога ќе наполниш 18 години, јави ми се“.

 

Многумина на социјалните мрежи со гадење гледаа на неговиот потег, притоа и ако се погледне на видео снимката и начинот на кој ја прегрна девојката.

 

Се вчитува...