Тимот на Леброн го „прегази“ тимот на Дурант на НБА Олстар-мечот, Јанис е МВП (ВИДЕО)

НБА Олстар-мечот донесе убедлива победа на тимот предводен од Леброн Џејмс, кој со соиграчите славеше против екипата предводена од Кевин Дурант со дури 20 поени разлика, 170-150.

Јанис Адедукомбо, пак, со 35 поени и 100% шут беше прогласен за МВП на мечот. Уште се издвоија и Демијан Лилард со 32 поени и Стеф Кари со 28 поени.

Балканците Никола Јокиќ и Лука Дончиќ немаа своја вечер, барем кога се во прашање постигнатите поени.

Србинот постигна шест поени, дополнети со седум скока и пет асистенции, а Словенецот осум поени со три скока и осум асистенции. Но, на крајот, сепак, славеа.

На спротивната страна Никола Вучевиќ, кој беше дел од екипата на Кевин Дурант, постигна пет поени со седум скока.

Се вчитува...