Словенечкиот тренер Сашо Филиповски повеќе не е на чело на стручниот штаб на белградски Партизан по средбата што ја имаше со управата на клубот попладнево. Двете страни меѓусебно ја прекинаа соработката, а се чека и официјална потврда од клубот.
Црно-белите во среда ги очекуваат дуел против францускиот митрополит во шестото коло од Еврокупот во Љубљана, а тоа ќе биде клучен натпревар за пласман на белградскиот тим во четвртфиналето на европското натпреварување.
Екипата на тој дуел ќе ја води поранешниот помошник на Филиповски, Александар Матовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА