Тажна вест од Уругвај – Поранешен фудбалер на Вилјареал е пронајден мртов

Уругвајскиот фудбалер Франко Акоста е пронајден мртов, потврдено е денес. Тој исчезнал откако заминал на пливање и повеќе не се вратил, а неговото тело било пронајдено во блиската река, каде што последен пат бил виден.

Уругвајските медиуми откриваат дека неговото тело било пронајдено на истото место каде што последен пат бил виден, а тие трагале по него од саботата. Акоста е роден во 1996 година, а како 19-годишник потпиша за Вилјареал, чиј играч беше до 2020 година.

Играше за Вилјареал Б, и замина на позајмица во Расинг Сантандер и Плаза Колонија. Последен клуб за кој играше беше уругвајскиот второлигаш Атина.

Вилјареал изрази големо жалење за оваа несреќа и изрази сочувство до семејството Акоста.

Се вчитува...