Македонскиот репрезентативец Езгијан Алиоски и Лидс не успеаја да парираат на Вест Хем во 28. коло од Премиерлигата доживувајќи гостински пораз од 2-0.
Домашните победата си ја осигураа со два гола уште во првото полувреме. Најпрво за 1-0 погоди Лингард во вториот обид по одбиената топка од шутот од 11 метри. А на 2-0 зголеми Досон во 28. минута.
Во вториот дел безуспешни беа обидите на Лидс да дојде барем до почесен погодок. Алиоски во игра влезе на почетокот од второто полувреме, повторно не добивајќи можност за старт на мечот во дресот на Лидс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

