Арсенал во последните неколку натпревари ја поправи формата и беше блиску до остварување на третата победа во низа на гостувањето кај Барнли, меѓутоа благодарние на неверојатниот кикс на Гранит Џака, „топџиите“ останаа без два бода.
Коментар за целиот натпревар даде легендата на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд кој вели во лондонскиот тим недостасува доверба, а играчите ги спореди со промискуитентна девојка.
„Мислам дека Микел Артета ја доживува својата екипа како промискуитентна. Сигурен сум дека во своите играчи тој нема воопшто доверба. Не може да им верува бидејќи не знае како ќе се однесуваат во даден момент. Пред натпреварот може да им говори колку сака и што сака, но они на теренот ќе играат по свое. Ми се доаѓаат многу играчи на Арсенал, можам да ги набројувам до утре, но очигледно е дека нешто не функционира“ – изјави Фердинанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

