Колумбиецот со македонски пасош, Александер Борха Кордоба уште низ првите неколку натпревари во дресот на Кит Го веднаш покажа дека ќе биде одлично засилување за пехчевци низ актуелната сезона во Втората лига – Исток.
22-годишниот Кордоба, пак, како што самиот нагласува, е пресреќен што е во клуб како Кит Го.
„Навистина, одлично сум примен во екипата на Кит Го. Пресреќен сум што сум тука во еден извонредно организиран клуб на кој може да му позавидат и прволигаши. Со две победи убаво ја почнавме пролетната сезона и сега не очекуваат уште девет натпревари до крајот. Во екипата владее одлична атмосфера, па сето тоа заедно со тимската игра даваат резултати. Се надевам искрено дека ќе продолжиме со добри игри и на крај од сезоната ќе бидеме меѓу водечките три екипи во лигата“ – вели Кордоба за официјалната интернет страница на клубот.
Кордоба изминатава есен настапуваше во редовите на велешки Борец, а претходно во македонскиот шампионат има настапи и за Работнички, Македонија ЃП и Пелистер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА