Македонската футсал репрезентација сериозно ги намали шансите за пласман на Европското првенство откако доживеа убедлив пораз од 1-6 (1-4) од селекцијата на Србија.
На натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, избраниците на Васко Скендеровски први поведоа со голот на Исмаили во 9. минута и 15 секунди, но по само 15 секунди Србија израмни со голот на Пршиќ до пенал. И се потоа беше во знакот на противникот.
Уште во првото полувреме Србија дојде до убедлива предност од 1-4, со головите на Петровиќ, Петров и Лазаревиќ.
Во второто полувреме гостите постигнаа уште два погодоци, преку Томиќ и Ракиќ, за конечни 1-6.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА