Тинејџерот на Барселона, Мориба го постигна својот прв гол во каталонскиот дрес во неодамнешната победа против Осасуна од 2-0.
Но, покрај радоста за Мориба, тој гол радост донесе и за обложувач од Англија кој за вложено едно евро на осум натпревари од разни лиги на кои погодуваше победник на прво и победник на второ полувреме, на крај доби 53.000 евра.
Откако погодил седум натпревари, последна ја очекувал Барселона која на полувремето водеше со 1-0, па се очекуваше победи и во вториот дел. На крај, Мориба во 83. минута постигна гол за радост на среќникот од Островот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

