Пелистер донесе засилување од Работнички

Пелистер игра одлично во досегашниот дел од сезоната, битолчани моментно се наоѓаат на првото место на табелата, но тренерот Марјан Илиевски успеа да договори уште едно засилување во пресрет на клучниот дел од сезоната. Станува збор за Петар Николиќ, бекот на Работнички кој реши да си замине од „Градски Парк“, а од неколкуте понуди што ги имаше ја избра токму онаа на Пелистер.

Илиевски е добро запознаен со квалитетите на овој кошаркар, со кого имаше беспрекорна соработка во Блокотехна пред две сезони, освојувајќи го трофејот во БИБЛ и стигнувајќи до финалето во Купот на Македонија. Николиќ ќе донесе интензитет и агресивност во одбраната, нешто на што Илиевски како тренер секогаш инсистира во своите тимови.

Пелистер има скор од 12 победи и два порази во досегашните 14 овосезонски натпревари, а избраниците на Илиевски утре ги очекува тежок дуел со Еуро Никел во Кавадарци.

Се вчитува...