Пирло шокиран од потегот на Роналдо: Никогаш не сум го видел тоа, не знам зошто го направи… (ВИДЕО)

Јувентус во драматична завршница, по продолженија, доживеа елиминација од Порто во осминафиналето од Лигата на шампионите.

„Кога ќе направите четири големи грешки во два натпревари, најчесто испаѓате од натпреварувањето“ – рече тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, на кого му се заканува отказ по лошите резултати во дебитантската сезона на клупата на гигантот од Торино.

„Сигурно ќе ни требаат неколку денови да дојдеме при себе по ова. Мора што побрзо да разбереме дека има уште од сезоната која мора да ја спасиме во италијанското првенство. За отказ не размислувам затоа што јас тука дојдоа за еден подолготраен проект, и не сум загрижен за мојата позиција“.

Многумина ги критикуваа Кристијано Роналдо и Адриен Рабио кои при вториот гол на Порто свртеа грб во живиот ѕид.

„Не знам што се случи. Кај нас точно се знае кој оди во жив ѕид и никогаш ваква ситуација претходно не се случило, никогаш не свртеле грб. Не мислам дека се уплашија од топката, туку повеќе ми се чини дека мислеа како е предалеку да биде загрозен голот. Беше тоа грешка каква ретко се гледа“ – истакна Пирло.

Се вчитува...