МАКЕДОНИЈА ОДБРОЈУВА ДО ЕП: Пет македонски фудбалери ја почувствувале Премиерлигата – Од Христов до Џани!

Во очекување на најголемиот настан за македонскиот фудбал во историјата, првото учество на најдобрата национална репрезентација на Европско првенство, ЕКИПА издвојувајќи ги најзначајните фудбалери, личности и настани од нашата фудбалска историја, се до 11. јуни преку серијал-текстови како најава за тоа што ги очекува Горан Пандев и соиграчите на УЕФА Евро 2020!

Низ неколку текстови наредниот период, најпрво, ги издвојуваме сите македонски фудбалери кои биле дел од ТОП 5 најдобрите европски лиги.

=========================================================================================================================

Македонија во својата историја, почнувајќи од 1928 година, има вкупно 44 фудбалери кои ја почувствувале моќта на ТОП 5 најсилните лиги во светот (Италија, Англија, Шпанија, Франција и Германија). Од нив само пет ја почувствула моќта на англиската Премиерлигата, според многумина убедливо најдобриот шампионат во светот.

Најмал е бројот на македонски фудбалери кои играле во Премиерлигата – само пет. Прв е Ѓорѓи Христов, еден од најдобрите македонски напаѓачи во историјата, кој во 1997 година реализираше трансфер од белградски Партизан во редовите на Барнсли. Христов одигра 21 натпревар за Барнсли во најсилната лига на Островот и постигна четири погодоци.

Таа сезона дел од Шефилд Венсдеј беше и долгогодишниот капитен на македонската репрезентација Гоце Седлоски, кој заедно со Горан Пандев е и единствениот фудбалер кој одиграл повеќе од 100 во националниот дрес.

Дел од Премиерлигата беа и Артим Шаќири и Горан Попов. Од актуелните репрезентативци единствено Езгијан Алиоски во моментов е дел од Премиерлигата, повеќе од успешно носејќи го изминатава сезона дресот на Лидс, со досега 25 настапи и два постигнати погодоци.

СИТЕ МАКЕДОНСКИ ФУДБАЛЕРИ ВО ИСТОРИЈАТА КОИ ЈА ПОЧУВСТВУВАЛЕ ПРЕМИЕРЛИГАТА

1. Ѓорѓи Христов (1997/98) – (Барнсли)

Настапи: 21, Голови: 4

2. Гоце Седлоски (1997/98) – (Шефилд Венсдеј)

Настапи: 4, Голови: 0

3. Артим Шаќири (2004/05) – (ВБА)

Настапи: 3, Голови: 0

4. Горан Попов (2012-2014) – (ВБА)

Настапи: 14, Голови: 0

5. Езгијан Алиоски (2020 – ) – (Лидс)

Настапи: 25, Голови: 2

Се вчитува...