Вербалната „војна“ помеѓу Ентони Џошуа и Тајсон Фјури продолжува пред нивната потенцијална борба за титулата апсолутен светски шампион во супер тешка категорија, што треба да се одржи во јули оваа година.
Џошуа смета дека Фјури многу повеќе се занимава со работи надвор од рингот отколку со самата борба.
„Она што тој го прави не влијае на мене. Тој прави шоу за сè. Без разлика дали станува збор за прес-конференции или настапи за ТВ-емисии. Тоа е негова работа, а моја работа е да го завршам шоуто. На крајот, само тоа е важно – Кој ќе победи во борбата“, рече Џошуа.
По мечот со Ентони, Фјури објави крај на кариерата. Од друга страна, Џошуа смета дека му претстојат уште многу години во рингот.
„Искрено, едвај го чекам тој меч. Тоа е само уште една станица на моето патување. Сакам да се борам долго време“, рече 31-годишниот Џпшуа.
Според последните информации, двајцата Британци ќе добијат по 100 милиони фунти за првата борба, додека победникот, за реваншот, кој е закажан за крајот на годината, ќе добие 60 проценти од вкупниот фонд на наградата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА