Ракометната репрезентација на Македонија ќе одигра двомеч против актуелниот светски шампион Данска во квалификациите за ЕВРО 2022 година. Своето деби како селектор на А-тимот ќе го има Кирил Лазаров. Најдобриот македонски ракометар на сите времиња вели дека е чест против најсилната репрезентација на денешницата Македонија да го стартува новото поглавје.
„Имавме доволно време за подготовка. Максимално го искористивме времето, имавме добри услови и можам да кажам дека подготвени го чекаме мечот со Данска. Мене како селектор и на моите ракометари треба да ни биде чест што стартуваме ново поглавје токму против најдобрата селекција на денешницата. Комплетната слика за можностите на оваа репрезентација ќе ја имам по двата меча со Данска“, вели Лазаров.
Македонија ќе ја пречека Данска утре во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, а натпреварот е закажан за 20 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА