Изминатава ноќ во НБА лигата беа одиграни два натпревари.
Мемфис на домашен терен беше подобар од Вашингтон победувајќи со 127-112. Гризлис до победата ги предводеше феноменалниот Валанчиунас со 29 поени и 20 скока, додека кај Вашингтон се издвои Бил со 21 поен и пет асистенции.
Во вториот дел од вечерта, Далас со 115-104 го победи Сан Антонио. А, најзаслужен за победата беше Порзингис кој мечот го заврши со 28 поени и 14 скока. Но, феноменален беше и Лука Дончиќ кој запиша „трипл-дабл“ од 22 поени, 12 асистенции и 12 скока. Кај Спарс се издвои ДеРозан со „дабл-дабл“ ефект од 30 поени и 11 асистенции.
LUKA DONCIC. WHAT A MOVE pic.twitter.com/xaz9shkG6J
— Legion Hoops (@LegionHoops) March 11, 2021
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

