Петра Влхова е победник на слаломската трка од Светскиот куп во алпско скијање која денеска се возеше во шведскиот ски-центар Оре. Словачката алпска скијачка до победата стигна со вкупно време од 1:45.16 минута, што беше за 20 стоти делови од секундата подобро од второпласираната Катерина Линсбергер од Австрија.
Третото место и припадна на „кралицата“ на алпското скијање, Американката, Микаела Шифрин која доцнеше 64 стотинки зад времето на победничката.
Со овој триумф Влхова го презеде водството во генералниот пласман со 1320 поени, пред второпласираната Лара Гут која во моментов има 1256 бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА