Историја: Шумахер повторно во Ф1 – Возеше за прв пат како официјален член на „најбрзиот циркус“

Точно по 30 години откако Михаел Шумахер дебитираше во Формула 1, неговиот син ќе ја стартува својата дебитантска сезона. Историјата е веќе започната! Вчера, Мик Шумахер за прв пат официјално возеше болид како возач на Формула 1!

Првото возење на Мик беше за време на тестирањето во Бахреин, пред почетокот на сезоната на 28 март. Неговиот тим Хас најпрво ја откри новата машина ВФ-21, а потоа Мик Шумахер го забележа своето прво официјално возење во Ф1 историјата. Сепак, тој не мина многу време на патеката затоа што имаше проблеми со менувачот, па успеа да извози само 15 круга и на крајот беше 16-ти.

Помладиот Шумахер се подготвуваше за ова цел живот, тој седеше во количка и возеше од две години, а кога наполни 11 години, знаеше дека сака да биде професионален возач на трки. За да избегне непотребно и несакано медиумско внимание, но и да може да развие талент во мир, тој започна да вози со моминското презиме на неговата мајка – Бетш.

“Имам голем притисок, претежно од мене. Секако дека сакам да направам добар резултат, но исто така е голема привилегија да го носам презимето Шумахер во Формула 1, но и да имам сопствен болид и да можам да возам“, рече Шумахер.

Се вчитува...