Катарина Линсбергер стигна до својата прва победа во свестскиот куп, откако денеска славеше на слаломот во шведскиот Оре. Младата Австријка до победата стигна со вкупно време од 1:47.93, со што и го украде роденденското славје на Микаела Шифрин која да денот кога наполни 26 години, го освои второто место со 72 стотинки задоцнување зад времето на победничката.
Подиумот го надополни Швајцарката Венди Холденер со задоцнување од секунда и 65 стотинки зад времето на победничката. Водечката во генералниот пласман, Словачката, Петра Влхова го освои само 8. место откако направи голема грешка во првата трка.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА