Академија Пандев ќе биде без својот шеф на стручен штаб Александар Васоски на денешниот натпревар од 23. коло во Првата македонска фудбалска лига против Работнички во Скопје кој почнува од 15 часот.
Васоски е позитивен на коронавирусот поради што ќе биде во изолација во следните десет дена.
Место Васоски тимот на дуелот против „романтичарите“ ќе го води неговиот помошник Раденко Бојовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА