Фаворитите без поголеми проблеми во првите натпревари од пролетниот дел во Женската ракометна суперлига. Лидерот Куманово славеше над Спартак со убедливи 42-21. Јована Кипријановска со девет гола беше најефикасна во победничкиот табор.
До лесна победа стигна и ЖРК Металург над Пелистер со 40-20, а најдобра во тимот од Автокоманда беше Марија Тасевска со 12 гола. ЖРК Чаир славеше над Кузман Вардар со 21-35, а победи остварија и Овче Поле над Шампион (28-29), ЖРК Вардар против Стружанка 25-22 и Деспина против ЖРК Гевгелија (23-18).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА