Најдобриот македонски пливач на отворени води Евгениј Поп Ацев го освои 53. место на првата трка од ФИНА/ЦНСГ Светската серија на трки од 10Км, која се во Доха, Катар. Тој делницата од 10 километри ја помина за време 1:59.47, што беше доволно за 53. место од вкупно 57 пливачи кои ја завршија трката.
Победник кај мажите е Марк Антоан Оливие од Франција, додека кај жените Ана Марсела Куња од Бразил.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА