Франција стигна до вториот триумф на квалификацискиот турнир за пласман на ЛОИ откако вечерва славеше над Тунис со 40-29. Французите уште во првото полувреме ги разрешија сите дилеми околу победникот, откако по 30. минути имаа предност од 21-13.
Во вториот дел само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечни 40-29.
До втора победа стигна и Норвешка која славеше над Чиле со 38-23. Како и Французите, така и Норвежаните сите ги дилеми ги решија уште во првото полувреме кое го добија со 19-10.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА