Без Лазаров и Миркуловски во Алборг, отстапени места за помладите

Новиот селектор Кирил Лазаров одлучи да се изостави од денешниот квалификациски натпревар со Данска за пласман на ЕП 2022 кој го играме во Алборг, а одмор ќе има и за еден од најдобрите македонски ракометари во историјата, Филип Миркуловски.

Определувајќи го составот за денешниот дуел Лазаров се одлучи да даде шанса за помладите да поччувствуваат вистински европски натпревар, па на позицијата десен бек е пријавен Мартин Серафимов, а шанса за дуел со актуелниот светски шампион ќе добие и Емилијан Ѓорговски.

Како што е познато, поради повреда на грбот претходно отпадна и пивотот Стојанче Стоилов.

Натпреварот меѓу Данска и Македонија се игра во салата „Гигантум“ во Алборг со почеток од 16 часот. На првиот меѓусебен натпревар во квалификациите, пред три дена во Скопје, Македонија славеше со 33-29.

Се вчитува...