Сејдини на Прочка доби нов мандат на чело на ФФМ, првите честитки од ФИФА и УЕФА (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Досегашниот претседател на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини ќе продолжи да раководи со најголемата домашна спортска федерација и во следните четири години, откако на денешното Изборно собрание ја доби поддршката од делегатите.

Сејдини ја доби поддршката и од УЕФА и ФИФА кои со свои претставници беа дел од Собранието, но и Македонскиот олимписки комитет

„Честа да се биде претседател на Фудбалската федерација на Македонија е голема. Вашата поддршка ме обврзува да продолжам да го давам својот максимум за развој на македонскиот фудбал. Денеска е големиот христијански празник – Прочка. Јас сум муслиман, но и во нашата вера, откако ќе прости, човекот ќе има кроткост, трпение, смирение и човекољубие. Простете ако грешев“ – истакна меѓу другото Сејдини во обраќањето на Изборното собрание.

 

?

Се вчитува...