Поранешниот фудбалер на Слобода Тузла, Александар Миличиќ (75) е пронајден мртов покрај стадион во родниот Шабац. Тој исчезнал пред неколку дена, а неговото тело беше денеска пронајдено.
Миличиќ поради Алцахјмерова болест и деменција често го напуштал домот, но овојпат за жал не се вратил. Пред неколку дена веднаш по неговото исчезнување бил објавен и апел за помош, но за жал на крајот пронајдено е неговото мртво замрзнато тело крај стадионот на фудбалскиот клуб Мачва од Шабац.
Тој за Слобода Тузла одигра 475 натпревари, а беше дел и од генерацијата која во 1977 година го освои 3. место и со тоа обезбеди настап во Купот на победници на куповите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА