Лукаку и Лаутаро добитна комбинација за враќање на титулата на „Џузепе Меаца“ (ВИДЕО)

Интер стигна до тешка победа на гостувањето кај Торино од 1-2 во 27. коло во италијанската Серија А. По мирувањето на мрежите во првите 45. минути, во второто полувреме Лукаку од пенал донесе водство за „нероаѕурите“ во 62. минута. Торино преку Сарабрија во 70. израмни на 1-1, додека конечните 1-2 ги постави Лаутаро во 85. минута.

Интер во моментов се наоѓа на врвот на табелата со 65 бода, односно дури девет повеќе од градскиот ривал Милан кој има и натпревар помалку. Торино е 18. со 20 бода.

Парма ја шокираше Рома совладувајќи ја со 2-0. Стрелци на головите за „пармалатите“ беа Михаила во 9. и Ернани од пенал во 55.

 

 

 

 

Се вчитува...