Хрватска го совлада Тунис со 30-27 во последното коло од квалификациите за пласман на Летните олимписки игри во Токио. Хрватите својата работа ја завршија, па сега очекуваат вечер Франција да триумфира над Португалија како би обезбедиле виза за Токио.
Давид Мандиќ со девет гола беше прво име кај „коцкестите“ додека Хорват заврши со седум гола.
Доколку Португалија го добие вечерашниот меч со Франција со помалку од седум голови разлика тие две репрезентации ќе заминат во Токио, а доколку Португалија направи сензацјиа и победи со седум и повеќе голови, тогаш Французите ќе останат без ЛОИ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА