Захариевски: По црвениот картон за Ренова ние како да ја запишавме победата…, ама не било така

Шефот на стручниот штаб на Струга Трим Лум, Срѓан Захариевски, поради суспензијата по исклучувањето на дуелот против Пелистер, од трибините го следеше вчерашниот натпревар на неговата екипа против Ренова.

Стружани и со фудбалер повеќе цело второ полувреме не успеаја да дојдат до погодок, на крај ’задоволувајќи’ се со реми без голови. Захариевски вели дека сето тоа е поради психолошкиот момент, и опуштањето на неговите фудбалери.

„После црвениот картон кај гостите ние веројатно ги запишавме бодовите, а не успеавме да постигнеме погодок. Ренова покажа дека се добра и организирана екипа која знаеше што сака од стартот до крајот на мечот. Кога ќе се сумира се, ремито и поделбата на бодовите е реален резултат“ – вели Захариевски.

Се вчитува...