Милевски го соопшти списокот за Анталија: Чурлинов, Фазлагиќ, Станковски… ја предводат и новата генерација

Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го соопшти списокот на селекцијата до 21 година за меѓународниот турнир во турска Анталија каде што во периодот од 22. до 29. март ќе одигра три контролни натпревари, против Казахстан (24. март), Словачка (27. март) и Бугарија (29. март).

Селекторот Милевски за подготовките во Анталија повика 26 фудбалери, предводени од Чурлинов, Фазлагиќ, Антовски кои беа и во претходниот квалификациски циклус…

СПИСОКОТ НА МЛАДАТА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА ЗА МЕЃУНАРОДНИОТ ТУРНИР ВО АНТАЛИЈА

Голмани: Давид Денковски (Брегалница), Дамјан Серафимов (Македонија Ѓ.П.), Стефан Јакимовски (Кадино);

Одбрана: Александар Ѓурковски (Вардар), Марио Младеновски (Ботев Пловдив, Бугарија), Виктор Крстевски (Вардар), Блертон Шеји (Струга Трим Љум), Филип Алексовски (Македонија Ѓ.П.), Филип Антовски (Славија Софија, Бугарија), Мартин Радуловиќ – Величковиќ (Вардар), Бесник Ферати (Академија Пандев);

Среден ред: Енис Фазлагиќ (Жилина, Словачка), Арби Воша (Македонија Ѓ.П.), Давид Калпачки (Беласица), Флорент Рамадани (Шкендија), Томче Гроздановски (Злате Моравце, Словачка), Бојан Димоски (Академија Пандев), Агон Елези (Вараждин, Хрватска), Лука Станковски (Работнички), Димитар Тодоровски (Работнички);

Напад: Марко Ѓорѓиевски (Раднички Пирот, Србија), Дарко Чурлинов (Штутгарт, Германија), Јакуп Бериша (Шкупи), Марио Илиевски (Септември Софија, Бугарија), Методија Максимов (Работнички), Берат Калкан (Карачабej, Турција);

Се вчитува...