Здравко Мамиќ беше осуден за проневера во Динамо Загреб, па по тој повод Здравко денес одржа прес-конференција на која опширно зборуваше на повеќе теми. Мамиќ беше емотивно скршен, па покрај оваа ситуација што допре до него, тој се сети и на периодот кога бил само обичен навивач.
Мамиќ откри детали за својата карирера во младинската школа на Динамо, и додаде дека неговиот постар брат Стојко играл за Хајдук.
“Оваа година славам редок јубилеј од 50-годишна работа во Динамо. Дојдов во 1971 година и секогаш бев на позиција и секогаш давав сè за Динамо. Така го водев навивањето на Динамо од источната трибина во костум, а Харис Скоро, дојде кај мене кога ја победивме Црвена Звезда со 1-0. Се сеќавам дека по натпреварот бев безмилосно претепан од командантот на полициското обезбедување, бев облеан во крв“, се сеќава Мамиќ.
Здравко зборуваше за инцидентот кој ќе остане врежан засекогаш кај него и кај неговото семејство. Тој потенцираше дека безрезервно го сакал Динамо и бил спремен да го даде и својот живот за тимот од Загреб.
„Тогашниот претседател на Динамо ме извлече крвав под тие палки кои удираа кон мене од сите страни“, додаде Мамиќ, кој со години беше „алфа и омега“ на клубот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА