Женската репрезентација ги стартуваше подготовките за квалификациите за СП… (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Женската ракометна репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за квалификацискиот турнир за место во баражите за пласман на СП во Шпанија, на кој од 19. до 21. март домаќин ќе биде Скопје.

Селекторот, Симе Симовски и неговите избранички пласман на СП ќе бараат преку пресметките со Исланд, Литванија и Грција. Двете најдобропласирани репрезентации ќе обезбедат место во баражот.

А, поради најавите за воведување полициски час престојниов викенд променети се термините за натпреварте во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Според најновите измени првите натпревари во групата ќе се играат со почеток од 12 часот, а вторите од 14 часот.

Македонија првиот натпревар го игра против Исланд, на 19. март.

 

Се вчитува...