Анадолу Ефес ја продолжи серијата импресивни игри во Евролигата откако вечерва на гостински терен го демолираше Макабо со убедливи 66-90. Избраниците на Атаман ја продолжија извонредната серија, стигнувајќи до осма победа во низа по поразот од Жалгирис претрпен на 21 јануари годинава.
Победникот во Тел Авив беше решен уште во првото полувреме што Ефес го доби со 31-47, предност што турскиот гигант потоа дополнително ја зголеми до самиот крај на мечот. Мициќ и Ларкин беа најефикасни во победничкиот тим со по 15 поени, по десет постигнаа Симон и Плајс, додека Вилбекин со 15 и Жижиќ со 14 поени беа најдобри поединци во таборот на Макаби.
Ефес моментно е второпласиран во Евролигата со скор од 19 поени и 10 порази, зад лидерот Барселона кој има 21 победа и осум порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА