Манчестер Сити поведе со 2-0 во раната фаза од мечот со Борусија Менхенгладбах што се игра во Будимпешта, со што „граѓаните“ практично си го осигураа пласманот во четвртфиналето од Лигата на Шампионите.
Првиот погодок беше дело на Кевин де Бруине, кој испрати проектил од работ на шеснаесетникот по кој голманот на Борусија беше немоќен. Ова беше вкупно стоти погодок на тимот на Пеп Гвардиола постигнат сезонава во сите натпреварувања, најдобра можна потврда за извонредната форма во која се наоѓаат „граѓаните“.
На 2-0 нешто подоцна зголеми Илкај Гундоган на асистенција на младиот Фоден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

