Ненад Димитријевиќ и Хувентут стигнаа до нова победа во шпанската АЦБ лига откако на гостински терен триумфираа над Естудиантес со 83-90. Гостите уште од самиот старт го презодоа водството и по десет минути игра имаа предност од 23-27.
Кошаркарите од Бадалона во ниту еден момент не му дозволија на противникот да ја загрози нивната предност и на крајот стигнаа до нов триумф од 83-90. Ненад Димитријевиќ повторно беше еден од најдобрите поединци во Хувентут. Натпреварот го заврши со 7 поени, 2 скока и 4 асистенции, а имаше и нова кошаркарска лудорија со која ги воодушеви кошаркарските фанови ширум светот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА