Мајк Тајсон се враќа повторно во рингот!

Мајк Тајсон се враќа повторно во рингот. Откако на крајот на ноември минатата година направи егзибициски натпревар со Рој Џонс, кој заврши нерешено, легендарниот боксер нема намера да застане и сака да биде повторно во рингот.

Мајк објави дека ќе биде дел од нова борба на крајот на мај.

„Кон крајот на мај, повторно се борам, 29-ти или 31-ви, во истиот ринг каде што последен пат се борев“, кажа Тајсон во подкастот на мексиканскиот шампион, Канело Алварез.

Тајсон со ваквата најава ги израдува фановите на боксот, па сега останува да видиме кој ќе биде неговиот противник. Во последните месеци се споменува нов дуел со легендарниот Евандер Холифилд, но сè уште ништо не е официјално потврдено.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Mike Tyson (@miketyson)

Се вчитува...