Уште едно признание за македонскиот репрезентативец Иван Тричковски во кипарскиот фудбал.
Сосема очекувано Тричковски го доби признанието „Златна копачка“ на Кипар за 2020 година која традиционално ја доделува Здружението на спортски новинари на Кипар, откако минатата година постигна 20 погодоци во дресот на АЕК Ларнака.
Иван Тричковски денеска го одигра, заедно со Стефан Спировски, и дуелот на АЕК на гостувањето против Омонија на гостински терен кој го загубија со 1-0.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

