Кошаркарите на ЦСКА Москва активно чекорат кон врвот во Евролигата, триумфирајќи во 29. коло на гостувањето против Реал Мадрид со 89-96.
Уште од стартот на натпреварот Русите доминираа контролирајќи ја играта и резултатот, за предност уште на полувремето од 41-55. До крајот само рутински гостите ја одржуваа предноста за конечна победа.
Клибурн со 23 поени и Мајк Џејмс со 22 поени ја водеа ЦСКА до победата, додека кај домашните се издвои Треј Томпкинс со 20 постигнати поени.
Претходно, на денешните натпревари Фенербахче убедливо со 84-61 го совлада Жалгирис, додека Олимпијакос славеше на гостувањето против Алба во Берлин со 80-84. Басконија триумфираше на гостински терен против Зенит со 75-79.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА