Ждреб за ЛШ: Баерн и ПСЖ во реприза на ланското финале, „кралевите“ одат на Ливерпул

Баерн Минхен – Пари Сен Жермен е најинтересниот натпревар од четвртфиналната понуда во Лигата на шампионите. Во реприза на минатогодишното финале германците во првиот натпревар ќе бидат домаќини, додека реваншот ќе се игра во Париз.

Најтрофејниот клуб во Лигата на шампионите Реал Мадрид во реприза на финалето од 2018 година ќе игра против Ливерпул. Во останатите два меча, Манчестер Сити се среќава со Борусија Дортмунд, додека Челси ќе игра со Порто.

Во полуфиналето подобриот од мечот меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен ќе игра против Манчестер Сити или Борусија Дортмунд, додека подобриот од Реал Ливерпул ќе се сретне со Порто Челси

ПАРОВИ 1/4 ФИНАЛЕ: 

Манчестер Сити – Борусија Дортмунд

Порто – Челси

Баерн Минхен – Пари Сен Жермен

Реал Мадрид – Ливерпул

ПАРОВИ 1/2 ФИНАЛЕ: 

Баерн Минхен/Пари Сен Жермен – Манчестер Сити/Борусија Дортмунд

Реал Мадрид/Ливерпул – Порто/Челси

Се вчитува...