„Не сме во војна, Азар ќе биде најдобриот играч на ЕУРО 2020“

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез, јасно укажа дека Фудбалската федерација на Белгија не води никаква војна со Реал Мадрид околу закрепнувањето на Еден Азар, верувајќи дека Еден ќе биде најдобар на претстојното Европско првенство.

Еден Азар не може да се справи со повредите во Реал Мадрид. Ќе ги пропушти и претстојните квалификациски натпревари на Белгија, но селекторот Роберто Мартинез верува дека одличниот фудбалер ќе биде целосно подготвен за Евро 2020.

„Белгија не е во војна со Реал Мадрид. Сите ние сакаме Азар да биде здрав. Мислам дека оваа ситуација може да се реши многу порано пред Европското првенство. До тогаш има уште многу време. Верувам дека Азар ќе биде најдобриот играч на ЕУРО 2020“, изјави Роберто Мартинез.

Сепак, во тимот на Белгија, Азар и понатаму е клучен играч. На квалификациите за ЕУРО 2020, тој постигна пет гола и имаше седум асистенции носејќи ја капитенската лента.

Откако од Челси пристигна во Реал Мадрид за 100 милиони евра летото 2019 година, Еден одигра само 36 натпревари, од кои 29 како стартер. Постигна само четири гола и забележа пет асистенции.

Се вчитува...