Загрижувачки слики од „Стејплс центарот“: Леброн Џејмс го напушти мечот со Атланта (ВИДЕО)

Загрижувачки слики од „Стејплс центарот“ во ЛА од мечот меѓу ЛА Лејкерс и Атланта. Леброн Џејмс го напушти натпреварот на почетокот од втората четвртина откако го повреди зглобот.

Леброн во прв момент стана и се обиде да го продолжи натпреварот, постигна тројка но веднаш потоа излезе од игра и се упати кон соблекувалната.

Тешка повреда на Џејмс сигурно ќе биде сериозен проблем за Лејкерс кои веќе подолго време играат без Ентони Дејвис.

Се вчитува...